Мајстори на својот занает - Финалето во ЛШ е вистинска гордост за Шпанија!

За првпат во историјата, во финалето на Лигата на шампионите ќе се соочат екипи предводени од двајца шпански тренери.

Иако Реал Мадрид, Барселона и Атлетико Мадрид не успеаја да стигнат до финалето, Шпанија сепак ќе има свои претставници во борбата за европската круна - на тренерските клупи.

Луис Енрике ќе го предводи ПСЖ, додека Микел Артета ќе седи на клупата на Арсенал во големото финале кое ќе се игра во Будимпешта.

За Луис Енрике ова ќе биде второ последователно финале во елитното европско натпреварување, додека Артета ќе има можност за историски успех со лондонскиот клуб.

За потсетување, Арсенал го мина Атлетико Мадрид во полуфиналето, додека ПСЖ беше поуспешен од германскиот гигант, Баерн Минхен