• Мартин Танасковски

Хаким Зијеч од Ајакс повторно го покажа целосниот свој потенцијал и го даде голот на вечерта во Лигата на шампионите.
„Копјаниците“ одушевуваат на „Стемфорд Бриџ“ кај Челзи (1-3), а третиот гол на гостите беше за вистинско одушевување. Зијеч погоди од прекин, од мртов агол, а голманот на Челзи, Кепа, остана шокиран.
- Голот на Зијеч во Лондон:
Вреди да се напомене дека Зијеч даде ефектен гол и против Валенсија пред нешто повеќе од еден месец.