Мајстор над мајсторите: Англиски обложувач погоди буквално сѐ што се случи на дербито на „Олд Трафорд“

Манчестер Јунајтед Арсенал

Секој обложувач сонува да погоди натпревар и потоа да се чувствува горд на одиграниот тип и остварената добивка.

Тоа му се случи на еден Англичанец, кој речиси предвиде се што се случи на вчерашниот меч помеѓу Манчестер Јунајтед и Арсенал. Уплати само една фунта на коефициент 500 и дочека да му се оствари сценариото кое го имаше во својата глава.

Погоди дека конечниот резултат ќе биде 2-2, дека Мустафи и Марсијал ќе бидат стрелци, дека секоја од екипите ќе има над четири или повеќе корнери и за крај дека Тореира и Матиќ ќе добијат жолти картони.

Сигурно дека овој тикет влегува во историјата како еден од најчудните и во меѓувреме најимпресивните на сите времиња...