Мајстор-Квича е тука за ПСЖ: Ја „отвори“ Астон Вила во Суперкупот (ВИДЕО)

Европскиот првак ПСЖ прв стигна до гол на натпреварот во УЕФА Суперкупот против Астон Вила. Средбата на „Ред Бул Арената“ во Салцбург беше отворена по дваесет минути игра со голот на Квича Кварацкелија. 

Грузискиот крилен фудбалер покажа колку лесно може да дојде до гол, па по додавање од Дезире Дуе тргна во мини-слалом. Кварацкелија упати прецизен удар на поблиската статива и го матира голманот Бизот. 

Вреди да се напомене дека за овој дуел тренерот на англискиот тим Унаи Емери имаше проблеми со бројни отсуства.