• Саше Љолес
Екипата на Мајорка извојува победа над Елче со конечни 3-1 (1-1) во натпреварот од шеснаесеттото коло на шпанската Примера.
- Извештај од натпреварот:
Резултатот по првите 45 минути беше 1-1, но во вториот дел домаќините одиграа многу подобро и сосема заслужено го освоија целиот плен. Омар Маскарел и Ведат Муричи беа стрелци за Мајорка, која со овој триумф стигна до 17 бодови и се искачи на четиринаесеттата позиција на табелата.
Елче, пак, има само два бода повеќе од денешниот ривал, но се наоѓа дури пет позиции погоре. Во следното коло Мајорка ќе гостува кај Валенсија, додека Елче на домашен терен ќе го пречека тимот на Рајо Ваљекано.








