• Саше Љолес

Екипата на Бетис успеа во последните секунди од натпреварот да го надигра тимот на Мајорка и се избори за гостински триумф со конечни 0-1 (0-0) во 21. коло од шпанската Примера.
Домаќините беа со играч помалку од 73. минута и делуваа дека се близу до освојување на еден бод пред своите гледачи, но шокот пристигна дури во 96. минута, кога мрежата ја затресе Седрик Бакамбу, за кого ова беше прв гол сезонава.
- Извештај од натпреварот:
Бетис стигна до 28 бода и се искачи на деветтата позиција, додека Мајорка има два бода повеќе и во моментов е на шестото место на табелата.