ВИДЕО: Мајорка и Атлетик промашија по еден пенал и одиграa лудо реми со ВАР во главна улога! 

Два промашени пенали и поништен гол во 99. минута го „красеа“ лудото реми без голови меѓу Мајорка и Атлетик Билбао

Во рамки од првиот натпревар од четвртото коло на Примера екипите на Мајорка и Атлетик Билбао го поделија пленот, откако иако одиграа атрактивен натпревар со многу шанси, но не успеаја да ја затресат противничката мрежа. 

  • Извештај од натпреварот: 

Од минута во минута шанси се редеа пред двата гола, а вистинското лудило пристигна во самиот финиш. Во 81. минута домашната екипа доби пенал, но Адбон не успеа да реализира. Во 96. минута по ВАР прегледите и тимот на Билбао имаше најстрога казна, но и Адуриз не ја искористи шансата. 

За лудилото да биде уште поголемо, во 97. минута ВАР повторно беше во главна улога, но овој пат не досуди пенал за Мајорка, која две минути подоцна ја стресе гостинската мрежа, но голот беше поништен поради офсајд ситуација. 

Нашиот репрезентативец Александар Трајковски, кој ова лето ја засили Мајорка, не доби шанса за настап и остана на клупата за резерви.