Мајнц 05 назначи и четврти тренер сезонава

Бундеслигашот Мајнц 05 синоќа го именуваше Данецот Бо Свенсон за нов тренер на екипата. 41-годишниот Данец ја заврши играчката кариера во 2014 година, минувајќи ги последните седум сезони во дресот на Мајнц 05.

Тренерската кариера ја започна во младинските категории на клубот, а од 2019 година го предводеше австрискиот второлигаш Лиферинг. Тој е четвртиот тренер сезонава на клупата на Мајнц 05, по Ахим Бајерлорцер, Јан-Мориц Лихте и Мартин Шмит.

Поранешниот клуб на Николче Новески на 14 натпревари досега во Бундеслигата освои само шест бодови, а во неделата загуби на гостувањето кај шампионот Баерн Минхен со 5-2.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.