ВИДЕО: Мајнц заслужи триумф, но се враќа само со бод од Фрајбург

Екипите на Фрајбург и Мајнц 05 ги поделија бодовите откако одиграа нерешено (1-1) во натпреварот од 30. коло на германската Бундеслига. 

  • Извештај од натпреварот:

Гостинскиот тим сигурно има повеќе причини за задоволство, затоа што е во грчевита битка за опстанок во елитата и успеа да обезбеди бод на тешкото гостување. Фрајбург дојде во водство уште во четвртата минута преку Михаел Грегорич, но Мајнц успеа да се врати пред истекот на првиот дел. Стрелец беше Џонатан Буркарт, кој го постави резулатот на паузата (1-1). 

Гостите подобро го отворија второто полувреме, ја презедоа иницијативата и делуваа дека се поблизу до трите бода, но Фрајбург не дозволи изненадување пред своите гледачи и успеа да го задржи налетот на мотивираниот Мајнц. И домаќините имаа свои шанси за освојување на целиот плен, но резултатот не се промени до крајот (1-1). 

Фрајбург има 40 бода и се наоѓа на седмата позиција, додека Мајнц е на првото место над опасната зона, но ќе води тешка борба за обезбедување опстанок во елитата. 

Најнови вести од
Бундеслига, Германија