ВИДЕО: Мајнц трипати водеше, но Данецот Винд донесе комплетен пресврт за Волфсбург

Екипите на Волфцбург и Манјц 05 одиграа одличен и ефикасен натпревар во рамките на 13.коло од Бундеслигата, во кој на крајот домашниот тим режира епски пресврт и славеше со конечни 4-3 (1-2). Херој на Волфсбург е Данецот Јонас Винд, кој со два гола во финишот ги заокружи трите бода за својот тим. 

  • Волфсбург - Мајнц 05 4-3: 

Гостите дури трипати имаа водство, но „волците“ успеаја сепак да се вратат во игра во 84. минута со голот на Јонас Винд, кој најпрво израмни на 3-3, а потоа стрелаше и за 4-3 во последните секунди од натпреварот. 

Два гола кај гостинскиот состав постигна и Пол Небел, а на спротивната страна во листата на стрелците се запишаа уште Мохамед Амура и Португалецот Тиаго Томас. Волфсбург сега има 21 бод и скокна дури до петтата позиција на табелата, додека Мајнц „паѓа“ на деветтото место, со два бода помалку од денешниот ривал. 

Состави

Ралф Хасенхутл

4-4-2

    Bo Henriksen

    3-4-2-1