• Иван Димовски
Фудбалерите на Мајнц 05 со пресврт ја победија Фиорентина (2-1) во третото коло од Конференциската лига на УЕФА. Германскиот тим со пресврт слави во дербито во првиот денешен термин против ривалот од Италија.
- Мајнц 05 - Фиорентина 2-1:
Фиорентина успеа да поведе на „Мева Арена“ по 16. минути игра со голот на Симон Сохм. Овој резултат беше активен до полувремето и немаше промени во првиот дел. Во продолжението Ли Џае Сунг успеа да израмни за Германците во 68. минута. Имаше Фиорентина шанси да победи, имаше и поништен гол преку Моисе Кин, ама на крајот следеше казната. Ли Џае Сунг беше херој и во 95. минута погоди за победа на Мајнц.
Тихомир Костадинов од клупата ја гледаше победата на Сигма Олумуц на гостувањето кај Ноах во Ерменија (1-2). Победата за чешкиот тим ја донесоа Славичек и Сила, додека за домашните погоди Мулахусејновиќ.
На останатите терени АЕК Атина и Шамрок одиграа реми (1-1), АЕК Ларнака и Абердин играа без голови (0-0). Целје ја победи Легија (2-0), КуПС триумфира против Слован Братислава (3-1), Самсунспор слави против Хамрун (3-0), а Шахтар го доби Брејдаблик (2-0), а без голови заврши и мечот на Спарта Прага и Раков (0-0).






