• Саше Љолес
Екипата на Борусија Дортмунд доживеа непријатен пораз на гостувањето кај Мајнц 05 и загуби со конечни 3-1 (2-1) во натпреварот од десеттото коло во германската Бундеслига.
„Милионерите“ во првиот дел останаа без Емре Џан, кој доби директен црвен картон во 27. минута, а до паузата имаа минимална негатива. Домаќините постигнаа два гола преку Кореецот Сунг и Германецот Буркарт, а голот за гостите беше дело на Серху Гираси во 40. минута.
Во вторите 45 минути Мајнц успеа да го сруши фаворизираниот ривал и успеа да го заокружи триумфот со голот на Пол Небел, кој биеше прецизно по само осум минути игра. Дортмунд го впиша четвртиот пораз сезонава и останува на само 16 бода, додека Мајнц има три бода помалку, доволни за десеттата позиција на табелата.
Баерн Минхен оствари минимален триумф кај Сент Паули со конечни 0-1, а трите бода за баварскиот гигант ги донесе Џамал Мусиала со фантастичниот еврогол во 22. минута. Избраниците на Винсент Компани имаа голема иницијатива, но не успеаја да извојуваат поубедлива победа.
- Сент Паули - Баерн 0-1:
Бохум направи изенандување и го запре шампионот Баер Леверкузен, ремизирајќи со конечни 1-1, додека Вердер Бремен во последните моменти од мечот запиша триумф над Холштајн Кил (2-1).
- Унион Берлин - Фрајбург 0-0:
Синоќа Унион Берлин и Фрајбург играа без голови (0-0).