ВИДЕО: Мајнц 05 победи кај Хофенхајм и „скокна“ над опасната зона

Фудбалерите на Мајнц 05 славеа на гостувањето кај Хофенхајм со 1-2 (1-2), во рамките на 26. коло на германската Бундеслига. Гостинот на „ПреЗеро Арена“ во Зинсхајм поведе рано, а иако Хофенхајм се врати, Мајнц 05 успеа да победи и да се издигне над опасната зона на табелата. 

Иако домашниот тим беше голем фаворит, во последно време разиграниот Мајнц одлично го започна денешниот натпревар и уште во првата минута го отвори резултатот и поведе со 0-1, а голема гостинска радост донесе Глатцел. 

Хофенхајм свесен дека не смее да си дозволи уште еден кикс со кој би ги загубил шансите за местата во Европа, со сите сили тргна по израмнување, а тоа донесе резултат во 39. минута, кога за 1-1 погоди Бебу. Сепак, поранешниот тим на Николче Новески експресно возврати и по само две минути од израмнувањето, Кох реализира за 1-2 на полувреме. 

Откако во првиот дел паднаа три погодоци, мрежите мируваа по паузата и натпреварот заврши со резултатот кој беше актуелен од 39. минута. Најзрелите шанси екипите ги понудија на стартот од продолжението, но Сент Џуст и Андреј Крамариќ не успеаа да реализираат. 

  • Извештај од натпреварот: 

Со оваа победа Мајнц скокна над опасната зона и сега е 14-ти со 24 бодови, додека Хофенхајм е три места погоре со шест бодови повеќе.