• Иван Димовски

Фудбалерите на Мајнц 05 првпат оваа сезона врзаа две победи во Бундеслигата, откако на домашен терен славеа против Келн со 5-0 (3-0) во рамките на 11. коло. Средбата на „Мева Арена“ беше решена уште по првите 45 минути, бидејќи домаќинот имаше висока предност и човек повеќе. Покрај петте важечки, Мајнц даде уште два погодоци кои беа поништени.
- Извештај од натпреварот:
По 11 минути игра Маркус Ингвартсен го отвори резултатот со погодок од 11 метри за 1-0. Човекот кој го направи пеналот Килиан веќе во 28. минута го заработи вториот жолт картон и беше исклучен. Поради тоа, до полувремето преку Кор и Стах, домашната екипа дојде до предност од 3-0 и беше на чекор до победата.
По еден час игра резервистот Фулгини даде гол кој беше поништен од ВАР собата поради игра со рака. Сепак, Мартин погоди за 4-0 во 73. минута, а уште еден гол кој не важеше даде Буркардт. До крајот на мечот и седми пат се тресеше гостинската мрежа (петти пат важечки), откако Онисиво го постави конечниот резултат.
Мајнц има 18 освоени бода по единаесет кола, додека Келн има само два помалку.