• Мартин Танасковски

Еден од најдобрите фудбалери во историјата на овој спорт, Кристијано Роналдо, се врати на првото место на успехот. Португалецот повторно го облече дресот на Манчестер Јунајтед и блесна на дебито.
Со два гола, Роналдо го предводеше Манчестер Јунајтед до триумф над Њукасл (4-1). Во листата на стрелците се запишаа и Бруно Фернандез и Џеси Лингард. Трибините на „театарот на соништата“ грмеа по головите на Роналдо, а доста емотивно ги доживеа и неговата мајка.
Долорес беше во ВИП-ложата на „Олд Трафорд“ на првиот меч на Роналдо по кам-бекот. Уживаше во партијата на својот син, но истовремено лееше и солзи радосници по головите.
Сето тоа го уловија фотогрепортерите и направија фотографија за историја...
