Мајк Дин испиша историја и стана првиот кој покажал 100 црвени картони во Премиер лигата

Мајк Дин

Познатиот англиски судија Мајк Дин на вчерашниот дуел меѓу Вулверхемптон и Манчестер Јунајтед го исклучи Ешли Јанг и влезе во историјата на Премиер лигата.

50-годишникот, кој се занимава со оваа професија цели 19 години, стигна до јубилеј и го покажа стотиот црвен картон во кариерата. Тоа е бројка која ќе биде запишана во историските книги со оглед на тоа што истата ја нема достигнато ниту еден негов колега.

Дин е рекордер и по бројот на исклучени фудбалери оваа сезона. Вчера, по десетти пат испрати еден играч во соблекувалната.

Досега тој бил дел од 477 натпревари во најсилното англиско првенство и е рекордер по бројот на исклучени фудбалери (68). Неговиот просек по натпревар е 0,21 црвени картони, а исто така е лидер кога се во прашање жолтите картони, со 3,63 на секои 90 минути.