Мајами е привремена дестинација за Меси, наскоро се враќа „дома“!?

Легендарниот аргентински репрезентативец Лионел Меси влегува во завршницата на својата кариера. Иако е во години, блеска во Интер Мајами и го препороди тимот на Дејвид Бекам, но не планира тука да ја заврши кариерата.

Меси долги години играше за Барселона и таму стана еден од најдобрите на сите времиња. Но, замина во ПСЖ, а од Франција каде беше незадоволен, замина во САД каде го облече дресот на тимот на славниот англиски фудбалер.

Сепак, 36-годишникот има уште еден сон кој сака да го оствари за крај, а тоа е да заигра за матичниот клуб Њуелс Олд Бојс од Аргентина. Меси размислува за оваа опција, посебно по освојувањето на Светското првенство со Аргентина.

Доколку дојде до вакво нешто, навивачите на Њуелс сигурно ќе бидат презадоволни, а Меси како вистинска икона ќе ја заврши богатата кариера.