• Симеончо Стоиков

Mакедонскиот интернационалец Денис Махмудов кој сезонава по авантурите во Бугарија (Левски) и Ерменија (Банантс) се врати во Холандија, вечерва го постигна својот деби погодок за новиот клуб Телстар.
Брзоногиот фудбалер сепак со својот тим неуспеја да се пласира во осминафиналето од Купот на Холандија, откако Ден Хаг по пресврт во второто полувреме славеше со 2-1. Махмудов во 39. минута погоди за предност на Телстар од 0-1, резултат со кој се замина на пауза. Сепак во вториот дел домаќините направија комплетен пресврт за пласман во следната фаза.
Така Махмудов остана без шанса да дојде до втората титула од Купот на Холандија, со оглед на тоа што пред две сезони, сензационално со тогашниот негов тим Цволе го освои ова натпреварување.