Маглата направи хаос: Судијата не виде чист црвен картон, мечот доби нов термин (ВИДЕО)

Натпреварот од 17. коло од португалската лига помеѓу екипите на Национал и Порто беше прекинат по само 20 минути фудбал, откако беше констатирано дека поради густата магла не може да се продолжи овој натпревар, а интересен момент е што судијата не виде очигледен црвен картон.

На стадионот се спушти густа магла, а судијата не можеше ниту да ги види играчите. Дополнително, натпреварот го одбележа и една спорна ситуација, кога судијата не им додели црвен картон на фудбалерите на Порто поради крајно груб старт.

Натпреварот не можеше да се доигра во текот на ноќта, па затоа ќе продолжи на 15 јануари.