• Горан Упале
Васко де Гама синоќа со 2-1 ја совлада Америка Минеиро во натпреварот од 34. коло на бразилската Серија А, а херој на натпреварот беше Димитри Паје, кој успеа да направи чудо и да постигне гол од слободен удар во последните секунди.
Кога се очекуваше дека натпреварот ќе заврши без победник, некогашниот ас на Вест Хем и Олимпик Марсеј стапи на сцена и покажа дека „магиничарот“ за слободни удари сè уште е жив Во 94. минуга тој на намести топката на околку триесет метри оддалеченост од голот и испрати неодбранлив проектил во противничката мрежа.
Паје летово ги изненади сите, откако по заминувањето од Олимпик Марсеј се реши да направи трансфер во Бразил.