ВИДЕО: Магијата на Миовски недоволна за Ренџерс, трет триумф за Ц. Звезда!

Екипата на Глазгов Ренџерс одигра храбро на гостувањето кај Ференцварош во Лига Европа, но мораше да се помири со пораз со 2-1 (1-1) во натпреварот од шестото коло. 

Нашиот Бојан Миовски беше стартер за „полицајците“ и постигна спектакуларен погодок со „ножички“ во 27. минута, но домаќинот успеа да се врати до паузата со голот на Бенсе Отвос. 

  • Голот на Бојан Миовски против Ференцварош:

Шкотскиот гигант одигра бледо второ полувреме и го наруши впечатокот од првиот дел, а Ференцварош го искористи моментот и поведе со 2-1 со погодокот на Барнабас Варга во 72. минута. Унгарците на крајот победија со 2-1 и се задржаа на третата позиција на табелата, а Ренџерс останува на само еден освоен бод и скоро без шанси за пласман во плеј-офот. 

  • Динамо Загреб - Бетис 1-3:

Црвена Звезда се избори за гостински триумф кај Штурм Грац (0-1), Динамо Загреб потклекна пред шпанскиот Бетис со конечни 1-3, Мидтјиланд го совлада Генк со 1-0, Штутгарт го „здроби“ Макаби Тел Авив со убедливи 4-1, Нотингем Форест се враќа со победа од Утрехт (1-2), а португалската Брага со минимални 0-1 славеше на гостувањето во Ница. 

  • Штурм Грац - Црвена Звезда 0-1: 

Јанг Бојс со 1-0 беше подобар од францускиот Лил, а најефикасниот натпревар го одиграа екипите на Лудогорец и ПАОК, кој заврши со конечни 3-3. 

  • Лудогорец - ПАОК 3-3: