ВИДЕО: „Магијата“ на Марлос му го донесе на Шахтјор 11. Куп-трофеј

Фудбалерите на Шахтјор Доњецк се победници на Купот на Украина во фудбал, откако во многу драматично финале во Лвов го совладаа големиот ривал и шампионот Динамо Киев со 1-0 (0-0). Јунак во натпреварот за „жолти-црните“ од Доњецк беше Бразилецот Марлос.

Најнапред во 7. минута Марлос не реализира најстрога казна за Шахтјор, а потоа во самиот финиш го постигна победоносниот гол. Капитенот Дарио Срна го подигна големиот пехар од Купот на Украина.

Овој трофеј е прв во ерата пост Мирчеа Луческу и прв за неговиот наследник Португалецот Фонсека. Сега со 11 трофеи од Купот Шахтјор се доближи до најтрофејниот Динамо Киев.