ВИДЕО: „Магијата“ на Бен Једер ја доближи Севиља до групната фаза на ЛШ

Севиља се наоѓа на чекор до пласман во групната фаза на Лигата на шампионите по синоќешната победа во Турција против Истанбул Басакшехир со 1-2. Голот за победа на петкратниот победник на Лига Европа беше дело на Висам Бен Једер, кој со прекрасен гол со пета ја погоди турската мрежа и донесе предност во Андалузија.

Погледнете го голот на Французинот во Истанбул:

Сигурно место во групната фаза на Лигата на шампионите од Шпанија обезбедија Реал Мадрид, Барселона и Атлетико Мадрид.