ВИДЕО: „Магија“ од слободен удар на Салах, Египет ја преслуша и Уганда! 

Фудбалската селекција на Египет ја оправда фаворитската улога и со максимални три победи патува во елиминационата фаза на Афркиканскиот Куп на нации, кој се одржува токму во оваа држава. 

По победите над  Зимбабве и Конго, пред Мохамед Салах и разиграните домаќините вечерва оружјето го положи и селекцијата на Уганда, која на крај беше поразена со сигурни 0-2. Сепак, и покрај поразот, Уганда слави учество во нокаут фазара затоа што Конго го изненади Зимбабве со убедливи 4-0.

  • Извештај од натпреварот: 

Дуелот во Каиро започна во знакот на ѕвездата на Ливерпул, кој по фантастичен слободен удар од околу 30 метри го отвори резултатот и донесе заслужено водство за својата селекција. Египет на полувреме замина со позитива од 2-0, откако мрежата на противникот ја затресе и Елмохамади.

Во вториот дел темпото на играта спласна, Уганда на неколку пати имаше свои моменти, но без реализација, па трите бода заслужено заминаа кај домаќините. 

Во вториот вечерашен натпревар од третото коло на групата А, Конго со сигурни 4-0 славеше над Зимбабве и сега го чека исходот од најдобро третопласираните селекции за да продолжи во осминафиналето.