• Мартин Танасковски

Екипата на Победа забележа голем триумф над ГФК Куманово (2-1) и следната сезона ќе игра во Втората лига, а ова немаше да биде вест ако припелчани немаа тим полн со тинејџери кој против себе имаа поквалитетен ривал.
И голот на баражите падна баш од Победа. Од 17-годишниот Димитар Шаркоски. Се играше 71. минута кога по еден центаршут од левата страна играчот погоди на атрактивен начин, со „ножички“, и така го вивна својот тим кон опстанокот.
- Голот на младиот Шаркоски против Куманово:
Јане Николоски заврши добра работа со Победа, која цела сезона се бореше со финансиите, немаше редовни плати, а во тимот играа прилепски деца кои успеаја да го направат градот горд со своето издание во баражот.