ВИДЕО: „Магија“ на светските прваци - Погба и Гризман „удрија“ по Молдавија

Не им требаше долго на светските прваци, Французите да поведат на гостувањето во Кишињев против Молдавија. „Триколорите“ се потпреа на тандемот Погба-Гризман и ѕвездата на Атлетико Мадрид во 24. минута ја погоди мрежата на Чоселев.

Имено, асот на Манчестер Јунајтед со лоб додавање го најде Гризман, а овој веднаш од волеј го отвори резултатот.

  • Прекрасниот гол на Гризман на асистенција на Погба: 

Молдавците не се созедоа од шокот и три минути подоцна Варан зголеми на 0-2.