ВИДЕО: „Магија“ на Пандев, Џенова запиша победа против Верона

Во последниот натпревар од 34. коло на Серија А, Џенова на домашен терен славеше победа од 3-1 против тимот на Верона, тим кој грчевито се бори за опстанок во елитниот фудбал на Италија.

Денешниот дуел Давиде Балардини го започна без нашиот Горан Пaндев, кој во игра влезе во 81. минута и со нов гол даде придонес во победата на неговиот тим. Домаќините брзо го отворија резултатот и по само седум минути игра Медеирос преку поведоа со 1-0.

Тој резултат беше на сила до 64. минута, кога Ромуло од пенал израмни на 1-1 и најави освојување на бодови за гостинскиот тим. Но, така не мислеше нововлезениот Данеил Беса, кој ја искористи асистенцијата од Лазовиќ и во 78. зголеми на 2-1. Конечните 3-1, со спектакуларен погодок во 93. минута, ги постави нашиот Горан Пандев.

Џенова во наредното коло игра против тимот на Аталанта, додека Верона и така минималните шанси за опстанок ќе се обиде да ги задржи со победа против директниот конкурент, СПАЛ.