ВИДЕО: Магија на Наумоски од Пелистер – даде гол од половина терен!

Јорданчо Наумоски го има голот на колото во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ) затоа што на мечот против Арсими погоди на ефектен начин.

На отворањето на вториот дел играчот на „зелените“ забележа дека голманот на Арсими е надвор од својот простор и шутира од половина терен. Топката заврши во мрежата, за овации од трибините и честитки од соиграчите.

Не е првпат оваа сезона играч на Пелистер да дава гол од половина терен, тоа претходно го направи и Љамчевски.