• Мартин Танасковски

Брера Струмица освои важни три бода на гостувањето кај Вардар, а голема заслуга за тоа има младиот голман Филип Купанов.
22-годишниот чувар на мрежата на струмичани изведе магија меѓу стативите и ја сочува победата на својот тим. Се играше 73. минута кога по една акција, Омерагиќ го проигра Мециновиќ, а тој биеше со глава, ама Купанов со парада извади топка од под пречката.
- Одбраната на Купанов против Вардар:
Младиот Купанов оваа сезона е прв голман на Брера Струмица и го менува Марко Алчевски кој замина во странство.