ВИДЕО: „Магија“ на Меси за прв овосезонски гол во МЛС!

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси го постигна својот прв гол во новата сезона во МЛС лигата. Фудбалерот на Интер Мајами го постигна првиот од двата гола на својот тим во победата од 1-2 на гости кај Атланта Јунајтед.

Емануел Лате-Лат, поранешниот ас на Мидлсброу, ги доведе домашните во водство во 11. минута, непосредно пред Меси да одговори. Се играше 20. минута кога десетката на Интер му ја одзеде топката на дефанзивецот на работ од шеснаесетникот, а потоа со финта го исфрли Дерик Вилијамс, и на крај со мајсторски лоб ја смести топката во мрежата.

Тоа беше прв гол на Меси во четвртото коло во новото издание на МЛС шампионатот, а има и две асистенции. Интер дојде до победата во последната минута кога Жорди Алба додаде до Фафа во 89. минута, а овој погоди за конечни 2-1.