• Мартин Танасковски
Лионел Меси уште на стартот на сезоната во Франција покажа дека уште е еден од најдобрите во светот, со атративен гол во дресот на Пари Сен Жермен во мечот за Трофејот на Шампионите против Нант (1-0).
Аргентинскиот виртуоз прими топка пред казнениот простор, го мина голманот, го испрати чуварот на спротивната страна и шутираше во мрежата на „канаринците“.
- Голот на Лионел Меси против Нант:
WHAT A GOAL FROM MESSI pic.twitter.com/YOKKu6k5a2
— J. (@Messilizer) July 31, 2022
Овој погодок е одлична најава на сезоната која следи и во која од Лионел Меси се очекува да го поведе ПСЖ кон она кое му недостасува, тоа е трофејот во Лигата на шампионите.