ВИДЕО: МАГИЈА на Македонија - Алиоски асистира, Пандев реализира!

Репрезентацијата на Македонија успеа да поведе против Норвешка пред крајот на првиот дел, сo погодок на капитенот Горан Пандев (1-0).

Акцијата почна од половината на Македонија, а потоа, Алиоски доби топка од левата на страна на шеснаесетникот. Фудбалерот на Лидс се ослободи од противникот, уште подобро го проигра Пандев, кој без проблем ја стресе мрежата на норвешкиот голман Гритебирст.

За Пандев ова е 31. погодок во дресот на репрезентацијата.