ВИДЕО: Касемиро со епски „НОЖИЧКИ“ погоди во мадридското дерби!

Фудбалерот на Реал Мадрид, Касемиро, ќе биде запишан како играчот кој го дал еден од најубавите голови во мадридското дерби со Атлетико, затоа што погоди на ефектен начин.

Во 16. минута од мечот, при една нафрлена топка, Касемиро реагираше како врвен голгетер и со „ножички“ ја стресе мрежата на Јан Облак, кој важи за еден од најдобрите светски голмани.

Само десет минути подоцна Атлетико Мадрид се врати во игра на мечот, затоа што Антоан Гризман успеа да стрела за 1-1.

За бразилскиот фудбалер ова е втор погодок во Примера оваа сезона. Претходно, Касемиро погоди и против Севиља, исто така на ефектен начин.