ВИДЕО: Магија на Јамал, Барселона по 28. пат е шампион во Шпанија!

Екипата на Барселона ја оствари целта и со победата на гостински терен кај Еспањол (0-2) се круниса за нов шампион на Шпанија, наследувајќи го големиот ривал Реал Мадрид на тронот.

Градската пресметка беше тешка за Каталонците, но тимот на Ханси Флик успеа да го реши мечот во своја корист. Голот на мечот падна во второто полувреме, кога во 53. минута Ламин Јамал доби топка од Дани Олмо и даде магичен гол, а потоа пред крајот Јамал беше во улога на асистент до Фермин Лопез, за конечни 0-2.

  • Извештај од натпреварот: 

За Барселона ова беше 28. титула во шпанскиот фудбал во историјата. Пред Каталонците е само Реал Мадрид, кој во својата долгогодишна историја има 36 шампионски титули во своите витрини.

Во вториот дуел во вечерниот термин, Хетафе и Атлетик Билбао одиграа меч кој заврши со победа од 0-2 за гостите од Баскија. Гурузуета во 76. минута ја најави победата, а печат на неа стави Вивиан. Со овие три бода Билбао и официјално е во Лигата на шампионите како четвртопласиран во Примера.