ВИДЕО: Магија на Аина, Игало со гол вреден три бода за Нигерија на стартот на АКН

Репрезентацијата на Нигерија го отвори Африканскиот Куп на Нации (АКН) со посакувана победа, затоа што во рамки на 1. коло од групната фаза славеше над Бурунди (1-0).

Големиот фаворит на хартија доста време се мачеше да го скрши отпорот на противникот, кој покажа голема борба, па дури имаше и големи шанси да му ги замати сметките на тимот на Рор.

Човек на одлука на оваа средба беше Одион Игало, кој влезе во игра во второто полувреме и даде „златен гол“. Фудбалерот на Шангај стрелаше во 77. минута, откако доби магична топка од Аина, кој асистираше со пета. Погодокот дојде исто така по убава завршница.

Во рамки на групата „А“, пак, Уганда со 0-2 (0-1) беше подобра од ДР Конго. На отворањето, Египет со минимални 1-0 го совлада Зимбабве.