• Саше Љолес
Екипата на Наполи извојува сигурен и рутински триумф над Болоња во финалето на италијанскиот Суперкуп (2-0) и го освои првиот сезонски трофеј, носејќи огромна радост за своите навивачи.
Тимот на Антонио Конте покажа доминација на теренот и одигра одличен натпревар, а вистински херој беше Давид Нерес, кој ги постигна двата гола, од кои посебен впечаток остави првиот во 39. минута.
- Извештај од натпреварот:
На паузата „партенопеите“ ја задржаа минималната предност, а во вториот дел го запечатија триумфот со вториот гол на Нерес, кој пристигна во 57. минута од мечот. Болоња се обиде да стори нешто повеќе и да постигне барем почесен погодок, но остана со празни раце, иако се прикажа во солидно светло на овој завршен турнир.
Наполитанците слават уште еден важен трофеј во ерата на Антонио Конте, кој минатата сезона ја донесе и четвртата шампионска титула во клупската историја, а сега и вкупно третиот Суперкуп. Нашиот Ељиф Елмас одново беше во почетниот состав и одигра 68 минути. Македонскиот репрезентативец имаше и една одлична шанса во десеттата минута, но ударот профуче крај стативата.



