ВИДЕО: Магично додавање со пета на фудбалер на ПСВ кое уште долго ќе се прераскажува!

Екипата на ПСВ Ајндховен извојува нова сигурна победа во холандскиот шампионат и преку пресврт славеше со 3-1 на натпреварот против Витесе. 

Гигантот од Ајндховен, иако беше во негатива, најде начин како да ја разбие гостинската одбрана, а особено атрактивен беше последниот погодок, кој беше дело на поранешниот германски репрезентативец Марио Гетце. Искусниот офанзивец реализира при празна мрежа, но она што го направи неговиот соиграч претходно, е нешто за кое ќе се зборува уште долго време. Еран Захави, иако делуваше дека е во безизлезна ситуација, со магична пета го исфрли во празно Томас, кој пак во продолжение од акцијата несебично асистираше до Гетце.

  • Неверојатното додавање на Захави на мечот со Витесе:

Со оваа победа ПСВ Ајндховен се доближи до лидерот Ајакс и сега заостанува шест бода, но шампионот има еден натпревар помалку.