ВИДЕО: Магичниот Куртоа со супер-одбрана го одби последниот бразилски напад

Репрезентацијата на Белгија го повтори успехот на славната белгиска генерација од 1986 година и повторно обезбеди полуфинале на еден Мундијал, а еден од најзаслужните е голманот Тибо Куртоа.

Белгијците имаа водство од 2-0, а Бразил преку Ренато Аугусто се вратија во игра и во последните 20-тина минути константно го притискаа голот на „ѓаволите“. Најдобрата шанса за израмнување ја имаше Нејмар во 93. минута, но Куртоа со пантерски скок спречи погодок и ја однесе својата репрезентација во полуфиналето.

Погледнете ја одбраната на 26-годишниот Куртоа, која донесе ново полуфинале за Белгија:

Белгија во полуфиналето, кое ќе се игра на 10 јули во Санкт Петербург за противник ќе ја има селекцијата на Франција.