ВИДЕО: Магични голови на Делофеу, Вотфорд ќе игра со Сити за трофеј во ФА Купот

Екипата на Вотфорд ќе биде ривал на Манчестер Сити во финалето на англискиот ФА Куп, затоа што во рамки на последниот меч пред дуелот за трофеј, со 3-2 по продолженија славеше пред својата публика против Вулверхемптон.

  • Извештај од натпреварот: 

Момците на Грасија беа на работ на елиминација во полуфиналето, но се спасија со погодок во самиот финиш од пенал. Потоа, во продолжението беа подобар ривал, а и максимално ја искористија агилноста на Жерар Делофеу, кој е прогласен за играч на натпреварот поради двата гола во мрежата на „волците“ и фантастичните потези на теренот.

Резултатот на мечот на „Вембли“ се отвори во 36. минута, кога погоди Доерти по една комбинација од корнер и асистенција на Јота, додека во 62. минута, Хименез беше стрелец, а Доерти доби улога на асистент. Ситуацијата беше слична како претходната, односно по нафрлена топка од прекин.

Домаќините се вратија во натпреварот со еден фантастичен гол на Делофеу во 79. минута кој погоди откосо, а во самиот финиш, Дини од пенал кој беше досуден по консултација со ВАР-системот, реализира за 2-2 и го одведе дуелот во продолженија. Во екстра-времето, повторно на сцена стапи Делофеу, кој излезе пред голот во 104. минута и одлично по земја погоди за 3-2.

Кабалеро во 118. минута имаше колосална шанса за 3-3, го мина и противничкиот агол, но биеше лошо од тежок агол и шансата пропадна. 

За Вотфорд ова ќе биде второ ФА Куп финале во историјата, во кое ќе се лови првиот историски трофеј. Претходниот настап во најстариот англиски клуб во меч за трофеј, клубот го имал во сезоната 1983/84.