• Мартин Танасковски

Македонскиот голман Столе Димитриевски и неговиот Рајо Ваљекано одиграа реми без голови против Хетафе, а најзаслужен што мрежата на домашните мируваа беше нашиот чувар на мрежата.
Димитриевски имаше извонреден натпревар и изведе неколку блескави одбрани. Најдобра беше парадата по еден обид со глава на Максимовиќ во првото полувреме, кога Столе ја извади топката од под пречката. Овој потег е хајлајт на колото во Шпанија.
- Одбраната на Столе Димитриевски:
Исто така, Димитриевски имаше и одбрана еден на еден против Борха Мајорал. Овој хајлајт е најава за следниот натпревар против Атлетико Мадрид.