ВИДЕО: Магична асистенција на Mеите со пета, Заза го „смрзна“ Интер во дербито

Екипата на Торино има неочекувано водство по првото полувреме на дербито со Интер, откако Симоне Заза во самата завршница на првиот дел го отвори резултатот во Милано

Кога се очекуваше крај на полувремето, Санчез им подари една топка на гостите, кои го искористија тоа и поведоа со 0-1. Стрелец на голот беше поранешниот италијански напаѓач Заза, но она што го направи Меите е приказна за себе. 26-годишниот француски интернационалец со магична пета, помеѓу тројца фудбалери на Интер го пронајде Заза, а овој со сигурна реализација го матира Хандановиќ.

  • Голот на Заза против Интер: 

За 29-годишниот напаѓач денешниот старт е негов прв по пауза од два месеци поради незгодна повреда.