ВИДЕО: Магичен настап на Дибала, со „хет-трик“ ѝ донесе триумф на Рома

Екипата на Рома одигра одличен натпревар и славеше со 3-2 (1-1) над Торино во 26. коло од италијанската Серија А. „Волчицата“ беше предводена од брилијантниот Пауло Дибала, кој забележа „хет-трик“ и беше најзаслужен за триумфот. 

  • Извештај од натпреварот: 

Двата гола во првото полувреме дојдоа во завршните минути. Рома имаше иницијатива во првиот дел, но го скрши отпорот на ривалот во 42. минута, кога Дибала го постигна својот прв гол. Се чинеше дека домаќините ќе заминат со предност на паузата, но Дуван Запата постигна гол само две минути подоцна и на одморот екипите заминаа со резултат 1-1. 

Стартот на вторите 45 минути одново донесе силен налет на Рома. Пауло Дибала прикажа феноменално издание и го врати водството во 55. минута со прекрасен удар од над 25 метри. Аргентинската ѕвезда покажа зошто се вбројува меѓу најдобрите играчи во Италија, а потоа го комплетираше својот „хет-трик“ со голот во 69. минута. 

Торино не беше наивен ривал и создаваше шанси во текот на мечот, а тоа резултираше со уште еден погодок во домашната мрежа. Гостите направија завршен притисок, а домашниот дефанзивец Хујсен си постигна авто-гол во 89. минута и воедно ги постави конечните 3-2 на овој натпревар. 

Рома сега 44 бода и останува на шестата позиција на табелата, додека Торино го запиша седмиот сезонски пораз и останува на 36 освоени бодови. 

Состави

Даниеле Де Роси

3-4-2-1

    Иван Јуриќ

    3-4-1-2