• Саше Љолес

Манчестер Сити апсолутно ја потврди фаворитската улога и со совлада Ипсвич Таун со огромни 0-6 (0-3) на гостински терен и се враќа дома со победа во 22. коло од Премиер лигата.
Фил Фоден имаше свој ден, постигна два гола за „граѓаните“ уште во првото полувреме, а предноста на паузата за гостите беше тројна откако меѓу стрелците влезе и Матео Ковачиќ.
Со иста мера продолжија избраниците на Пеп Гвардиола и во вториот дел, МекАте, Доку и Ерлинг Халанд ја продолжија низата погодоци, додека домашните играчи четири пати се обидоа во рамките на голот, но не успеаја да дојдат ниту до почесен погодок.
Сити стигна до 38 бода и се наоѓа на четвртата позиција, додека Ипсвич е прв во опасната зона со само 16 бодови на своето салдо.