Маестро Меси стигна до границата од 40 гола во десет последователни сезони

Меси рекорд

Најдобриот стрелец на Барселона и Примера, Лионел Меси, постигна два гола во победата на Барселона во градското дерби против Еспањол.

>>> ВИДЕО: Ново шоу на Меси, Барселона славеше во дербито против Еспањол

Аргентинскиот мајстор уште еднаш покажа дека важи за еден од најдобрите изведувачи на слободни удари и со ремек-дело ги најави бодовите на својот тим. Голгетерската серија ја заокружи во 89. минута кога го постави конечниот резултат.

>>> ВИДЕО: Меси не е од оваа планета – даде гол со „паненка“ од слободен удар!

Со двете реализации, 31-годишниот напаѓач ја достигна границата од 40 гола десетта сезона во низа. Тоа е уште едно од многуте достигнувања во кариерата на Аргентинецот.

Најмногу гола постигна во сезоната 2011/12 (73), а на двапати стигна до 41 погодок (2013/14 и 2015/16).

До крајот на тековната сезона, Барса би можела да одигра 15 меча, на кои сигурно Меси ќе учествува со уште некој погодок.