• Саше Љолес
Еспањол и Мајорка одиграа брилијантен натпревар во рамките на четвртото коло од шпанската Примера, а победата на крајот замина кај домашниот тим, кој славеше со конечни 3-2 (2-1).
- Извештај од натпреварот:
Три погодоци просведочи публиката во првото полувреме. Пера Мила и Роберто Хаен стрелаа за Еспањол, а на 2-1 намали Ведат Муричи од пенал во 45. минута и го постави резултатот на паузата. Пред истекот на првото полувреме, домаќинот остана со играч помалку по директниот црвен картон на стрелецот Мила.
Косовскиот репрезентативец Муричи беше движечка сила на својот тим и во вториот дел, израмни на 2-2 во 65. минута, а исто така имаше и уште 2-3 солидни прилики за хет-трик.
Среќата на гостите им се сврте во 81. минута, кога домаќинот се избори за удар од белата точка, а прецизен реализатор беше Кике Гарсија.
Еспањол на крајот успеа со играч помалку да се избори за целиот плен и да го завери третиот сезонски триумф, а Мајорка останува без победа и со само еден освоен бод.











