• Мартин Танасковски
Англискиот репрезентативец Џуд Белингем е прогласен за МВП во финалето на Суперкупот на УЕФА кое меѓу Реал Мадрид и Аталанта се одигра во Варшава.
Белингем беше асистент за вториот гол кој го постигна Килијан Мбапе, а имаше и четири шута кон противничкиот гол од кои два беа во рамки. Покрај асистенцијата, Англичанецот имаше и две големи шанси, како и три клучни додавања при опасностите кон голот на калчолигашот.
Џуд Белингем го заврши натпреварот против Аталанта со оценка 9,1.