ВИДЕО: Маестралниот Алвес и Рабио направија пресврт и донесоа Суперкуп титула за ПСЖ

Фудбалерите на ПСЖ ја освоија првата титула во новата сезона, откако во Суперкуп финалето на Франција, кое се одигра во Мароко со пресврт во второто полувреме го совладаа Монако со 2-1 (0-1).

На денешниот натпревар и двата тренери настапија со своите најдобри тимови, во тимот на Монако беше Килиан Мбапе, а за ПСЖ своето деби на официјален натпревар го имаше Дани Алвес.

Натпреварот започна отворено и со шанси на двете страни, а првиот гол го постигнаа фудбалерите на Монако. Во 31. минута Сидибе одлично истрча во половината на ПСЖ и со прекрасен удар го лобува голманот на ПСЖ.

Во вториот дел избраниците на Емери одиграа на многу повисоко ниво, а тоа вроди со пресврт во резултатот. Најпрво Дани Алвес во 51. минута со прекрасно изведен слободен удар донесе израмнување на 1-1, за да во 63. минута по голот на Рабио „светците“ направија целосен пресврт и поведоа со 2-1, резултат кој на крајот се покажа како доволен за освојување на титулата.

Наредниот викенд започнува и новата сезона во францускиот шампионат. Шампионот Монако на отворањето игра против тимот на Тулуз, а ПСЖ на домашен терен ќе игра против Амиен.