• Горан Упале
Реал Мадрид загуби со 1-0 на гостувањето кај Бетис, но по натпреварот најмногу се зборува за пеналот на Килијан Мбапе во 94. минута.
Французинот не реализираше, односно голманот на Бетис го одбрани ударот, но веднаш следеа жестоки реакции од „кралевите“. Причината е Марк Бартра, кој во моментот на ударот влезе во шеснаесетникот.
Навивачите на Реал сметаат дека пеналот требало да биде повторен, но судијата Ернандез одлучи да не го стори тоа. Сепак, снимките покажуваат дека Бартра во моментот на ударот немал стапнато со ногата на тревата, па според правилата неговото движење не претставува прекршок.
- Погледнте ја ситуацијата и оценете дали Мбапе требаше да го повтори ударот од 11 метри:
Сепак, спорната ситуација сигурно долго ќе се анализира, особено затоа што Реал токму со овој промашен пенал остана без бодови во Севиља.



