Мадридско дерби во шпанскиот Суперкуп во Ријад

Шпанскиот Суперкуп како турнир се игра петти пат по ред, а четврти пат во Саудиска Арабија, поточно во Ријад. И првото полуфинале е градско дерби: Реал Мадрид се среќава со Атлетико. Во вториот полуфинален дуел играат Барселона и Осасуна.

„Кралевите“ двапати славеа во Саудиска Арабија, лани беа поразени во финалето од Барселона, а овој Суперкуп го дочекуваат како благи фаворити, земајќи ја предвид формата на сите четири екипи.

Сите квоти во MOZZART за натпреварот Реал Мадрид - Атлетико Мадрид

Реал нема пораз три и пол месеци. Последниот беше од Атлетико. Од тој пораз, тимот на Карло Анчелоти имаше само три ремија – сите останати се победи. Од друга страна, момците на Чоло премногу често тапкаат во место. Тие имаат две победи од последните пет средби. Особено ги боли неодамнешниот пораз од Џирона – 3-4. Одбраната не функционира добро, дури и третолигашот Луго пред неколку дена им даде гол во Купот на кралот, па головите секако се една од најдобрите опции за обложување.

Реал е поблиску до победата, без разлика што во текот на минатата година ниту еднаш не го победи градскиот ривал во деведесет минути. Не треба да ја потцениме желбата на Кралскиот клуб за одмазда за последниот пораз од 1-3 на „Ванда Метрополитано“. Двете екипи имаат постигнато барем по еден гол на четирите претходни средби, па ГГ изгледа како добар избор. Сепак, на девет од последните единаесет натпревари меѓу Реал и Атлетико беше 0-2...