Мадрид е на нозе: Дојде денот на Мбапе, навивачите се „тепаа“ за автограми (ВИДЕО)

Дојде денот кој долго беше очекуван во светскиот фудбал. Килиан Мбапе и официјално ќе стави потпис на договор со Реал Мадрид, со што успешно се затвора една од најдолгите трансфер саги во историјата на фудбалот. 

Со години „флертуваа“, а конечно дојде денот за потпис на договорот. Французинот утрово ги мина медицинските прегледи, што донесе голема возбуда меѓу навивачите. Мадрид е на нозе, голем број фанови беа пред клиниката каде што тој беше на прегледи, а Мбапе издвои време да потпише и автограми. Навивачите практично се „тепаа“ за да го подметнат својот дрес на потпис. 

Полно е со навивачи и пред стадионот „Сантијаго Бернабеу“, каде што ќе се одржи презентацијата и потписот на договорот. 

Килиан Мбапе во Реал Мадрид го задолжи дресот со број девет. Останува да видиме како Карло Анчелоти ќе ги склопи коцките за следната сезона.